Натпреварот РК Вардар 1961 и Бутел Скопје, кој беше одложен поради смртта на хрватскиот интернационалец Денис Тот, доби нов термин. Дуелот од 4 коло во суперлигашкиот плеј-оф што требаше да се игра на 9 април, ќе се игра на 23 април.
Следната сабота вардарци ќе бидат домаќини на Бутел Скопје во Спортскиот центар „Јане Сандански“ со почеток во 12:00 часот.