Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Пом.пионери на Вардар дојдоа до победа против Њу Старс
Пом.пионери на Вардар дојдоа до победа против Њу Старс

Пом.пионери на Вардар дојдоа до победа против Њу Старс

Помладите пионери на Вардар денес го пречекаа екипата на Њу Старс на домашен терен. Ние дојдовме до победана оваа првенствена лигашка средба  со резултат 2-1 (1-0).

278707118_10221270893944074_3751770718174909501_n

Тренерот Јанев започна со: Данстак, Никололов, Ајетовиќ, Миовски, Јанковски, Алексовски, Николовски(к), Танчев, Гаштаров, Цониќ и Величковски.

278602143_10221270886743894_5903314456229220892_n

Започнавме офанзивно, ние имавме повеќе од играта на оваа средба. Први се заканивме преку Нуман Ајетовиќ. Следеше шанса за гостинот и одбрана на Данстак. Во средината на првиот дел ние имавме уште две прилики за погодок и водство. Повторно се закани Ајетовиќ чии удар беше исфрлен во прва корна за нас. Потоа удар кон голот на ривалот упати и Гаштаров. Њу Старс се ослободи од притисокот и атакуваме на нашиот гол, сепак Андреј Данстак беше сигурен и недозвили да биде совладан. Во 30.минута повеќе од играта се одвиваше околу средината на теренот. На 10.минути до крајот голема шанса имавме преку Танчев кој шутна одличен слободен од 25.метра дистанца. Конечно во финишот погодивме, Марко Николовски упати одлична асистенции до Танчев кој од 25.метра погоди за 1-0, резултат со кој се замина на одмор. За да заминеме со позитива заслужен беше и Данстак кој успеа да одбрани удар во финишот.

278577608_10221270895744119_2364197492728438045_n 278526391_10221270894904098_5011570620635837572_n 278229920_10221270895064102_7241677808888995007_n

Вториот дел започна со офанзива на гостинот кој креираше две прилики на самиот почеток. На нашиот гол Данстак повторно беше не пренослива пречка за ривалот, тој успра да одбрани во двата наврата. За нас обид имаше Танчев, неговиот удар беше блокиран. Величковски Андреј имаше одличен обид, неговиот удар беше блокиран пред самиот гол.  Капитенот Николовски повторно се обиде со пробив да донесе удвојување на предноста. Голот кој го реши побединот го постигна нововлезениот Стефан Коловски, тој стрелаше за наша предност од 2-0. На неколку минути до крајот од пенал гостинот намали на 2-1 До крајот со одлична игра во поле ја зачувавме предноста и дојдовме до победа на оваа средба.

278178435_10221270895664117_869556046464457910_n 277811475_10221270895304108_5094044272751812251_n