Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Вардар се врати на победите во СЕХА, црвено-црните го совладаа Нексе
Вардар се врати на победите во СЕХА, црвено-црните го совладаа Нексе

Вардар се врати на победите во СЕХА, црвено-црните го совладаа Нексе

Најуспешниот тим во СЕХА регионалната лига, РК Вардар се врати на победите. Вечерва во Спортскиот центар “Јане Сандански“ го пречекавме тимот на РК Нексе. Во оваа средба со хратскиот вице-првак момците на Парондо Гарсија дојдоа до победа со 31-26(16-12) и ја прекинаа низата од два порази по ред.

3

На почетокот гостинот отвори со гол, ние преку Калараш вративме за резултатска симетрија, двата тима играа рамноправно па почетокот од  7.минута на семафорот стоеше 3-3.  Следеше неефикасен период во продолжение кој во 11.минута со гол го прекина Поповски кој погоди од крило. Дисингер во 13.минута го постогна деби голот за црвено-црните, тој првпат откако е во нашите редови погоди овој пат за 6-5, по што ривалот изедначи. Следеа наши минути во продолжение, направивме серија 3-0 па со голот на капитенот Стоилов Стојанче во 20.минута првпат отидовме на три позитива на овој дуел, 9-6. Во последните десет  минути од овој период, успеавме да ја зачуваме предноста и додатно да ја зголемиме за еден гол. На одмор заминавме со четири гола повеќе, на семафорот во “Јане Сандански“ стоеше 16-12.

2

На почетокот на вториот дел со три  брзи гола хрватскиот колектив значајно ја намали  нашата предност и по две ипол минути не сведе на минимални 16-15.  Ние веднаш тргнавме во офанзива, правиме серија 4-1 па со погодокот на Шишкарев во 7.минута од овој период поведовме повторно со плус четири, 20-16. Како по правило двата тима влегуваа во серија, гостинот со 1-4 намали на 21-20 во 12.минута од вториот период.  Парондо мораше да реагира и да побара минута одмор за црвено-црниот табор.  Гледачите во “Јане Сандански“ видоа нова серија, црвено-црниот тим со 4-1 повторно се врати на четирите гола позитива. Ние во 20.минута  со голот на Дибиров водевме со 25-21, веднаш клупата на Нексе реагираше обидувајќи се го прекине нашиот налет.  Сепак во последните 10.минути ние како искусен тим лесно се справивме со обидите да биде загрозен нашиот позитивен резултат. На крајот победата беше издвојувана со резултат 31-26.

5

Головите беа правилно распоредени кај повеќе стрелци во црвено-црниот тим, највеќе голови имааа Шишкарев и Дибиров по  4.