Денес на терените на ФММ во рамки на последното коло во детската фудбалска лига за оваа есен генерацијата на ФК Вардар родени 2006 година одигра домеч со ФК Њу Старс. Избраниците на Филип Спасески забележаа две победи за крајот на календарската 2018 година.
Вардар (2) во првиот дуел утрово го совлда тимот на Њу Старс-4 со резултат 5-1 (2-1). Дуелот го отворивме со гол на Антони Динов кој погоди за отварање на резултатот, 1-0. Противникот се закани сепак Дамјан Таневски на нашиот гол одлично одбрани. Михаел Танчев имаше топка успешно асистираше до Динов Антони кој со својот втор гол го удвои водството на 2-0. Противникот за жал успеаа да намали на 2-1. По ова намалување на водство ние имавме повеќе од поседот, до крајот видовме по една сериозна прилика на двете страни. Во првата нашиот голман Таневски успешно го сопра ударот на противниците, во втората Настевски Ангел шутна силно крај голот. Со предност од ва погодоци заминавме на одмор, овој прв меч почна рано наутро момците одиграа одлично и покрај силниот студ кој им преставуваше проблем.
Во вториот дел Цониќ прв се обиде и шутна крај голот на противникот, на самиот старт најавувајќи дека ќе идеме на зголемување на водството и осигурување на победата на оваа средба од самиот почеток. Аситентот од првиот дел Танчев со силен удар врвот на копачката умешно ја врати предноста од два гола погодувајќи за 3-1. Динов и Цониќ се обидоа да погодат, сепак среќата не беше на нивна страна. Митев силно шутна, голманот неможеше да ја прифати топката само кратко ја одби на истата натрча Динов кој погоди за 4-1. До крајот имавме иницијатива, истата во финишот со гол ја круниса Давид Цековски со погодок за 5-1, резултат со кој и се оконча оваа средба.
Во втората средба Вардар (1) генер. “2006„ целосно го надигра тимот на Њу Старс-3 совладувајќи го со високи 12-1 (6-0). Најпрвин почнавме да атакуваме силно, но нашиот ривал се одличи за “бункер“ пред својот гол. Успеавме преку Алтин Алији да поведеме со 1-0. Поради дефанзивата на противникот ние бевме постојано во налет, тие беа принудерни често да исфрлаат во корна, по три корни добивме, казнет удар. Пеналот со солен шут во погодок го претвори нашиот голман Андреј Данстак кој зголеми на 2-0. До крајот на првиот дел видовме гол-шоу на Алтин Алији, тој денес одигра еден одличен натпревар. Успеа до одморот да погоди уште четири пати во мрежата на Њу Старс па на пауза заминавме со високи 6-0 за нас.
Второт дел го започнавме со два обиди на Михаел Николов, во првиот “Миха“ успеаа да зголеми на 7-0, а во вториот по ударот со глава голаманот на ривалот одбрани со тело. Алтин Алији повторно погоди, овој пат со доста интелигентен удар, виде дека противничкиот голман е понапред и се реши за “лоб“ со кој поведовме со 8-0. На сцена стали Марко Николовски, ова момче за само 120.секунди направи нешто неверојатно постигнувајќи го еден од најбрзите хет-трикови видени до детската лига. Со неговите три погодока поведовме со 11-0 на 2.минути до крајот. Противникот успеаа конечно да погоди и намали на 11-1, Сепак не дозволивме да биде намалена нашата предност одма вративме со гол на Алтин со кој овој дуел заврши со конечни 12-1.