Во овој период кога се подготвуваме за првиот настап во 2.лига во историјата на мак.фудбалор, да се потсетиме на една светла епизода на ФК Вардар. На денешен ден пред точно 4 години, Вардар успеа на градскиот стадион да го победи тимот на Копенхаген.
Овој дуел беше во рамките на 3.коло од квалификациите во Лигата на Шампионите. Првиот меч се одигра во Скопје и го добија црвено-црните со резултат 1:0. Стрелец на единствениот гол за Вардар беше Балотели. Екипата таа година ја предводеше Гоце Седлоски.
На тој настапивме со следниов состав:
ВАРДАР: 90. Гачевски, 19. Хамбарџумјан, 6. Грнчаров, 21. Новак, 23. Демири, 8. Спировски, 20. Николов, 70. Фелипе, 9. Блажевски, 11. Барсегјан, 89. Балотели
РЕЗЕРВИ: 1. Алексовски, 5. Муслиу, 10. Којашевиќ, 16. Глигоров, 32. Глишиќ, 33. Исени, 77. Брдаровски
Во реваншот, Вардар не успеа да направи подвиг и беше поразен со резултат 4:1.