Monday ,14 October 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Завировски во полн налет, го потврди учеството на Skopje Run10k
Завировски во полн налет, го потврди учеството на Skopje Run10k

Завировски во полн налет, го потврди учеството на Skopje Run10k

Нашиот, Петре Завировски кој е активен оваа пролет како во најдобрите времиња,  потврди учество на уште еден атлетски спектакл.Овој пат на Skopje run10k,  оваа трка во нашата метропола е закажана за 13 јуни.

Вардаровиот млад атлетичар е во полн налет само прашање на време е кога ќе “експлодира”. Очекувањата за следните натпревари се многу високи. Неговата форма е таква што веќе може да се носи рамо до рамо со големите.

Одработува фантастични тренинзи со многу силен интензитет и голем обем. Неговата мотивација е до небо. Ова е негов трет налет во кариерата. Претходно во 2013  и 2016 година имаше вакви перформанси. Но сега многу веројатно е дека ќе оди многу многу повисоко од тогаш.

Со искуствата од минатото и сегашните ресурси со неговиот тренер светскиот шампион, Тони Насковски очекуваме голем блесок на Вардаровиот дијамант.

Како што кажа самиот Завировски: „Не сум тука  само за да учествувам, се вратив за да се носам рамо до рамо со големите”.