Шкендија на доминантен начин го доби дуелот со младинците на ФК Вардар, тетовчани на оваа средба победија со резултат 0:6 (0:4).
Вардар: Андов, Зендели, Мирчевски, Костовски, Мицевски, Манасиевски, Хасановиќ, Рушити, Ристовски, Цури и Трајановски.
Нема што многу да се опишува за првиот дел од овој дуел, Шкендија веќе во првата минута поведе со 0-1. Ние не успеавме да најдеме баланс, и да одиграме конкуретно, ја изгубивме на почетокот средината од теренот. Бевме казнети за сите наши грешки па тетовчани поведоа со високи и убедливи 0-4 на средината од овој дел. Конечно потоа се ослободивме од притисокот, прва прилика имаше Малик Хасановиќ. Шкендија се повлече ние имавме во последните 15.минути теренска иницијатива. Уште две прилики не реализиравме, една на Хасановиќ и една на Хиџред Рушити до крајот на првите 45.минути.
Ангеловски и Исени влегоа на почетокот на вториот дел со цел да направат баланс на оваа средба. Ние имавме привидна инцијатива во првите 10сетина минути. По една прилика имаа Хасановиќ Малик и Ристовски Давид. Противникот повторно искористи наш „кикс“ во одбраната и ни даде „петарда„ тие поведоа и со 0-5. До крајот за одбележување е нивниот погодок во 68.минута кога ги поставија конечните 0-6 на оваа средба.