Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Седлоска имаше успешно деби за А-селецијата со 11 гола, Џатевска повторно одлична во одбраната
Седлоска имаше  успешно деби за А-селецијата со 11 гола, Џатевска повторно одлична во одбраната

Седлоска имаше успешно деби за А-селецијата со 11 гола, Џатевска повторно одлична во одбраната

Денес на турнирот во Анталија, Турција по вчерашното реми со Италија, А-селекцијата на Македонија дојде до висока победа. Ние одигравме со Турција(2), Симовски кобинираше со составот и даде шанса на младите ракометарки кои ги ги повика.

Веќе по првиот дел се виде нашата доминација истиот го добивме со 14.гола повеќе, ние на пауза заминавме со резултат 22-8. Во вториот дел продолжи нашата добра игра па триумфиравме со 37-19 на оваа втора средба од овој турнир. Денес не очекува дуел и со Турција(1).

Денес успешно деби за А-селекцијата имаше вардаровиот бек, Андреа Седлоска. Таа ја искористи пружената прилика, „бомбардираше“ од сите позиции и дуелот го заврши со двоцифрен ефект, зад своето име впиша одлични 11.гола. Џатевска Ивана имаше задачи во одбраната, таа како и вчера така и денес настапи во вториот дел и беше на ниво, онака како што таа секогаш го прави тоа. Воедно успеа да погоди и еднаш во офанзива, за неа ова е деби погодок за А-селекцијата.

67873854_2464537996937468_2371310439792377856_n

Македонија: Серафимова, Мицевска, Гакидова, Боризовска 7, Тасевска 6, Марковиќ 1, Георгиевска, Седлоска 11, Николиќ 1, Јанкуловска, Стојановска 1, Калајциевска 6, Кипријановска 3, Џатевска 1, Ливриниќ, Саздовска