Кошаркарскиот клуб Вардар за време на зимската пауза пред почетокот на Првата лига значително го засили својот состав. Денес црвено-црните промовираа три имиња.
Нови „вардарци“ станаа довчерашниот играч на Работнички, Славчо Темелковски, поранешниот член на Блокотехна, Андреј Цветковски и американскиот плејмејкер Ник Тарнер. Играчот од САД доаѓа на местото на Џуниус Провел, најдобриот стрелец во есенската полусезона кој во меѓувреме најде ангажман во Грузија и таму ќе ја продолжи кариерата. Тарнер доаѓа од австрискиот прволигаш Грац, а претходно настапувал во НЦАА лигата.
Покрај ова во пролетната полуетапа во првиот тим на Вардар ќе бидат и браќата Наумоски, Михаил и Адриан кои првиот дел од сезоната го поминаа во турскиот Галатасарај.