Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Екипите на Делчево и Ѓорче се финалисти на турнирот “Еден живот, една љубов„ кај генер. 2006/07
Екипите на Делчево и Ѓорче се финалисти на турнирот “Еден живот, една љубов„ кај генер. 2006/07

Екипите на Делчево и Ѓорче се финалисти на турнирот “Еден живот, една љубов„ кај генер. 2006/07

Денес во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански е последниот натпреварувачки ден на турнирот “Еден живот, една љубов“. Во женскиот дел кај генерацијата родени 2006/07 година познати се екипите кои ќе играат во големото финале на турнирот. Тоа се екипите на Делчево Вардар и РК Ѓорче Вардар.

Во првото полуфинале во еден неизвесен дуел, екипата на Делчево успеа да излезе како победник на мечот против екипата на Кале од Кичево. Екипата на Кале на стартот од натпреварот имаше предност од 0:1 и 2:3, но Делчево успеа да направи серија од 4:0 и да поведе со највисоки три гола ралика (6:3). До крајот на првото полувреме девојките од Делчево ја одржаа оваа позитива од 2-34 голови и на одмор заслужено заминаа со водство од 10:6.

1

Изгледаше дека Делчево го има овој натпревар во своја корист и дека рутинирано ќе го одработи и второто полувреме. Сепак не демантира екипата на Кале, која во вториот дел играше многу подобро, пред се во одбраната кога не му дозволуваше на Делчево лесни погодоци. На стартот од вториот дел постигнаа ва последователни голови и намалија на 10:8. Избраничките на Горан Велков повторно се одлепија на три гола разлика (12:9), но тимот од Кичево ги следеше во чекор девојките од Делчево, па повторно намалија, но овој пат само на еден гол негатива (12:11).

3

Се влезе во неизвесна завршница, кога Кале успеа да израмни на 14:14. Сепак Делчево ја врати предноста, која ја задржа до крајот на натпреварот. Израмнија Кале на 15:15, имаа дури и напад за водство но не успеаа. Делчево постигна гол за 16:15, а Кале имаше цели 30 секунди напад за да постигне гол. Сепак Делчево одигра добра во одбраната, направи неколку фаули, времето одминуваше, Кале упати удар во последните три секуни кој отиде над голот. Победа за Делчево и пласман во големото финале.

4

Кај победничкиот тим се истакна Јана Петровска со 6 и Ива Алексова со 5 погодоци. Кај поразените најефикасна беше Дамјановска со 5 гола.

1

Екипата на Ѓорче Петров е вториот финалист на турнирот, откако во второто полуфинале ја совладаа екипата на Ново Лисиче. Од самиот старт на мечот екипата на Ѓорче Петров беше во предност, во првиот дел најмногу достигна до четири гола позитива (5:1). До крајот на првиот дел, девојките на Ново Лисиче успеаа да намалат и на полувреме да се замине со резултат 6:3.

5

2 3 4

На стартот на вториот дел, Ѓорче Петров постигна два последователни голови и зголеми на 8:3, што беше највисоко водство. Ѓорче имаше контрола на резултатот, иако се обиде Ново Лисиче да фати резултатски приклучок, во еден момент намалија на 9:6. До крајот на натпреварот Ѓорче го зголеми водството, па мечот заврши со конечни 13:8.

6

Кај победникот, Несторовска беше најефикасна со 7 голови, додека исто толку погоди кај Ново Лисиче постигна Маринчов.

Финалето ќе се одигра денес во малата сала на С.Ц. Јане Сандански , со почеток о 16:30 часот.