PK Вардар 1961, задутре (среда) го очекува дуел до ЕХФ Лигата на шампионите. Во Јане Сандански доаѓа Кил од Германија, тимот не е во форма, а тренерот Веселин Вујовиќ вели дека сакал Германците да дојдат со најдобрите играчи за дуелот кој е закажан за во 20-45 часот.
„Кил доаѓа кога не е во најдобра форма, му недостасуваат некои играчи во составот. Јас би сакал Кил да дојде во полн состав, за да може Вардар го покаже својот квалитет. Сакам да победуваме и кога не играме најдобро. Ние сме мотивирани, од тренерот до играчите, сигурен сум дека не треба да ги повикувам навивачите да дојдат во сала, знам дека тие ќе бидат тука, ќе дадеме се од себе да го победиме фантастичниот Кил без разлика што доаѓа во некомплетен состав. Најважно е Вардар да одигра добар меч, да го покажеме својот квалитет- изјави Вујовиќ.