Женскиот кошаркарски клуб „Вардар“ имаше сезона за паметење, успеа да го одбрани Купот на Македонија кој го освоивме по 3.пат и дојдовме до победа во лигата. Успеавме под поголем период да го „детронизираме“ Бадел и да ги обединиме титулите. Жаклина Стојановска одлично го водеше тимот, таа сосема очекувано ќе продолжи да биде „кормилар“.
Поради репрезентативни обврски на поголем број од кошаркарките, на 1-ви септември ќе започнат со активности вардарки, тогаш тие ќе ги „запалат моторите. Тренинзите ќе се одвиваат во нашата сала при СРЦ “Кале“ во Скопје.