Секоја спортска приказна има свој почеток и крај, па така и четиригодишната дружба на црвено-црниот тим и одличното десно крило Мими Петковска ја има “последната епизода“. Девојката која дојде како мала и таленирана ракометарка, од ден во ден прераснуваше во квалитетен ракометар од репрезентативен калибар. Мими беше на 16.години повикувана за младинската селекција (У19), а одигра стандардно на ЕХФ Шампионатот за девојки до 17.години во Италија.
Мина доста убави моменти во Вардар, беше дел од генерацијата која во пионерската лига по долго владение го “детронизираше“ Металург во неговата Автокоманда. Десниот раб од теренот беше место каде таа суверено владееше постојано, грациозен скок, одличен шут и секогаш тимски играч. Покрај младинските категории одлично одигра лани во деби сезоната во сениорската лига, таа единствена беше вардарка која погоди на секој меч кој го одигра таа сезона. Дојде со тимот во топ-3, во Купот повторно забележителна одигра фантастично во походот на „среброто“ во ова натпреварување. Во продолжение последната изјава за Вардарфанс како постојан и неуморен поддржувач на младите надежи:
Јас сум Мимо и станав Мими десното крило благодарение на Вардар. Во овој клуб поминав четири незаменливи години, стекнав пријатели, искуство, љубов и покрај ракометот научив многу други вредности. Се основав како личност и играч. Во Вардар едноставно пораснав, но мислам дека сега е вистинското време да му одговорам на предизвикот и да се пробам во дресот на Металург. Секоја промена е тешка, но мислам дека ништо не е вечно па така ова можеби и не е збогум, мислам во секој случај не е, но сакам да кажам дека понатаму можеби пак ќе ги бранам црвено-црните бои.
Таа не ги заборава ракометните стручњаци кои ја обликуваа како ракометар, кои и дадоа насока и направиа од неа репрезентативно крило кое игра на сосема друг левел.
Во ова мое излагање сакам да се заблагодарам на целиот стручен штаб и на тренерите Драгана Пецевска, Билјана Пецевска, Симе Симевски и Александар Царчев од кој научив што во пракса значи зборот ракомер. Со Драгана бев сите четири години таа ме префрли на позиција крило и ме учеше на истата. На крај сакам и да кажам фала на мојот тим, да им посакам многу среќа, здравхе и успеси.
И да кажам Вардар чао, но не и збогум…
СО СРЕЌА МИМИ, МНОГУ СПОРТСКИ УСПЕХ ТИ ПОСАКУВА ВАРДАР ФАНС!