Кошаркарките на Бадел 1862 со максимални седум победи во исто толку натпревари го завртеа „првиот круг“ од Првата лига.
На гостувањето во Струга, иако заморени од долгиот пат до Словенија, „баделки“ ја потврдија фаворитската улога. Славеа со сигурни (74:59), за потврда на првата позиција.
Онаа на која атакува и актуелниот шампион, екипата на Баскет Кам 2011. Составот од Македонска Каменица беше пресилен за Крива Паланка, на гостински терен победи со високи (96:61), и остана на чекор зад лидерот на табелата.
Неизвесност немаше ниту во „градското дерби“ во кое Вардар со плус 30 (93:63) го совлада Работнички, а до нова победа дојдоа и кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром, сега во дуелот со Пробаскет (59:56).
ПРВА „А“ ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром – Пробаскет 59:56
Крива Паланка – Баскет Кам 2011 61:96
Вардар – Работнички 93:63
Струга 2009 – Бадел 1862 59:74
ТАБЕЛА: Бадел 1862 14, Баскет Кам 2011 13, Вардар 12, Струга 2009 11, Крива Паланка 10, МЗТ Скопје Аеродром 9, Работнички 8, Пробаскет