Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Трофеј Белград: Кадетките на Вардар поразени од Вождовац во клучниот дуел за врвот на групата
Трофеј Белград: Кадетките на Вардар поразени од  Вождовац во клучниот дуел за врвот на групата

Трофеј Белград: Кадетките на Вардар поразени од Вождовац во клучниот дуел за врвот на групата

Денеска попладне, кадетките на ракометниот клуб Вардар го одиграа  треттиот и последен  натпревар од групната фаза  на турнирот “Трофеј Белград 2017“. Девојките на  Драгана Пецевска -Ристова се сретнаа со екипата на Вождовац 1955 тим кој имаше голем број девојки кои се повозрасни од нашите дами. Во овој клучен дуел за првото место во групата бевме поразени по голема борба на теренот со пет  гола, односно со резултат 24-19.

На почетокот српскиот тим поведе со 1-0, ние вративме со гол за изедначување. Се играше борбено со многу жар на двете страни, ниеден колектив неуспеваше да се одлепи. На средината од првиот дел беше реми на семафорот 6-6. Дојде до мал пад во нашата игра, противникот направи пет гола предност, тие со серија 7-2 поведоа со 13-8 пред поседните две минути. Во последните две минути двата тима постигнаа по еден гол и на одмор заминавме со негатива 14-9.

26169235_2080304138865109_4132444661849029595_n

Вториот дел почна со гол на нашите девојки кои намалија на 14-10 на самиот почеток. Екипата на нашиот ривал успеаа да зголеми на 15-10. До крајот на натпреварот буквално двата тима дадоа максимум, постигнаа по исти број на голови во противничката мрежа, сепак “залихата“ од првиот дел беше пресудна да победи повозрасната екипа на овој дуел. Гледано само вториот дел одигравме резултатски, 10-10. Кај нас прв стелец беше Седлоска со пет гола, пак три девојки: Галевска Петковска и Ѓорѓиевска  постигнаа по четири гола. Листата на стрелци се затвара со Гроздановска, која беше стрелец на два гола.

     *Со овој пораз по двете фантастични победи се пласиравме на одличното второ место во групата. Со овој пласман ќе разигруваме за пласман од 5-то до 8-то место. Утре изутрина во 9-50 часот играме со екипата на РК Крка.