Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Започнува младинската лига, Вардар во 1.коло против ЖРК Стружанка
Започнува младинската лига, Вардар во 1.коло против ЖРК  Стружанка

Започнува младинската лига, Вардар во 1.коло против ЖРК Стружанка

Викендов кој следи ќе биде резервиран за првото коло од сезоната 2022/2023 година во женската ракометна младинска конкуренција.

ЖРК Вардар ќе настапува во групата-А, веќе е познат и првиот термин за настап во младинската лига на црвено-црните дами. Во сабота (10/12/2022) вардарки се домаќини на тимот на ЖРК Стружанка. Ние тимот од Струга ќе го пречекаме во салата „Круме Кепевски“ во скопската населба Кисела Вода. Натпреварот кај младинките е закажан со почеток во 14-30 часот.