Wednesday ,13 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Диневска: До пехарот во Купот се доаѓа со максимален пристап, Вардар е подготвен за врвот!
Диневска: До пехарот во Купот се доаѓа со максимален пристап, Вардар е подготвен за врвот!

Диневска: До пехарот во Купот се доаѓа со максимален пристап, Вардар е подготвен за врвот!

Веќе како што многу пати известивме и е познато, ЖРК Вардар овој петок и сабота ќе се бори за  пехарот на завршниот Ф-4 турнир во Купот. Прв предизвик ни е полуфиналето против тимот на Чаир, закажано за петок во 18-00 часот во Автокоманда.

Капитенот на нашиот тим, највозрасната и најискусната Диневска Бојана во изјава за нашиот сајт ќе сподели атмосферата во тимот. Вториот стрелец на тимот, оваа сезона и девојка која има константа на сите мечеви зборува за полуфиналето против скопскиот ривал.

d3-660x330

Нашиот тим во целост екипно веќе подолго време се подготвува темелно и детално, во исчекување сме на полуфиналниот дуел од  Купот на Република Македонија. Се надеваме на одлична игра и добар резултат во првиот дуел во петок, тимот на ЖРК Чаир на последната меѓусебна средба го победивме со висока разлика. Сепак не ги потценува, сигурна сум дека и они се подготуваат максимално за Ф-4. Едвај го дочекавме овој момент, кога може да се бориме за пехар, подготвени сме и ќе дадеме се од себе да газиме на теренот. Сите девојки се сконценирани во подготовките на максимално ниво, императивот е навистина голем.

 *Ја потенцира одбраната како главно оружје и дел од играта каде што се добиваат вакви турнири, но подвлекува дека пехарот ќе заврши во рацете на тимот кој ќе биде до крај физички и психички на највисоко ниво.

dine

-Големи се очекувањата, може да кажам дека повеќе од две недели работиме пред се на нашето главно „оружје“, играта во дефанзива, постојано вежбаме одбрана. Очекувам сите четири тима да атакуваат на трофејот, според мене тој ќе му припадне на колективот кој највеќе ќе се залага на завршниот турнир, кој највеќе ќе се мотивира и ќе покаже “срце на терен“.

*За крај капитенот на црвено-црните завршува оптимистички како што и секогаш настапува на теренот и во изјавите за медиумите.

Едноставно, ние сме Вардар и безпоштедно  ќе дадеме се од себе на Ф-4,  се надевам и велам:   Се гледаме на врвот-завршува  Диневска Бојана во изјавата за Вардар фанс.