Оваа недела започнуваат дуелите во женската младинска ракометна конкуренција, ќе се играта 4.коло односно првото пролетно. Вардар по трите есенски кола со максимални 9.бода е лидер во својата група.
Екипата на ЖРК Чаир ќе ја пречека младинската екипа на Вардар во првата рунда во 2022 година. Натпреварот ќе го играме како гости, задутре (четврток, 17.март) со почеток во 20-00 часот во салата при ОУ „7ми март“. Вардарки се голем фаворит и на оваа средба, ние речиси имаме обезбедено пласман на завршниот Ф-4 турнир каде што ќе се бодриме за младинската титула.