Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар во четврток домаќин на Чаир во дербито на 3.коло
ЖРК Вардар во четврток домаќин на Чаир во дербито на 3.коло

ЖРК Вардар во четврток домаќин на Чаир во дербито на 3.коло

ЖРК Вардар по две кола има одлични шест бода во лигата, црвено-црните дами остварија гостински победи кај Куманово и Пелистер во воведните рунди. Девојките на Александар Царчев за прв пат ќе бидат домаќини во новата сезона 2022/2023  во 3.коло.

Повторно не очекува тежок дуел, ние сме домаќини на тимот на Чаир кој како и нас е максимален по воведниот дел. Натпреварот е закажан за во четврток (22.септември) со почеток во 17 часот и 30 минути.

Ние ќе бидеме домаќини во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во малата сала на ова дерби.