Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Анализа на противниците за ЖРК Вардар, во групата Ц од лигата на шампионите
Анализа на противниците за ЖРК Вардар, во групата Ц од лигата на шампионите

Анализа на противниците за ЖРК Вардар, во групата Ц од лигата на шампионите

Екипата на ЖРК Вардар ги дозна противниците во првата групната фаза од лигата на шампионите и полека може да започне да ги анализира противниците, кои се познати за нашите девојки. Тоа се екипите на Ларвик, ФТЦ Будимпешта и победникот од втората квалификациска група.

Со Ларвик досега имаме одиграно четири натпревари, од кои на два победи Вардар, еднаш одигравме со нерешен резултат, додека еден меч му припадна на противникот. Првите натпревари со шампионот на Норвешка ги одигравме во сезоната 2013/14, кога црвено-црните ја имаа дебитантската сезона во најголемото ракометно натпреварување. Најпрво во С.Ц. Борис Трајковски одигравме со нерешен резултат, за на реваншот во Норвешка да направиме големо изненадување и да славиме на теренот на Ларвик. Воедно тоа беше натпревар кој одлучуваше за првото место во групата, кое на крајот му припадна на Вардар. Ларвик долго ќе го памети четвртфиналниот дуел со нашите девојки, кога пред две сезони доживеаа вистински дебакл, во С.Ц Јане Сандански беа поразени со високи 34:20. На реваншот на нивни терен, противникот славеше, но само минимално, што не беше доволно за севкупен триумф. Во изминатава сезона, Ларвик стигна до четврфиналето, каде беше елиминиран од тимот на Будуќност.

Новата сезона ќе ја започнеме исто како и минатата, со натпревар на домашен терен против екипата на ФТЦ од Унгарија. Тој воведен меч заврши со нерешен резултат, а после одигрување на тој дуел, дојде до смена на тренерското место во Вардар. После три сезони, Индира Кастратовиќ и клубот ја прекинаа соработката, а нејизното место за кратко го потполни Давид Дејвис. Вардарки во продолжение од групата издвојуваа победи на сие натпревари, а на реваншот во Унгарија славевме убедливо.

Третиот противник ќе го дознаеме по одигрување на квалификациската група 2, во која се наоѓаат екипите на Турингер, Хорс, Хипо и Мекалиа. Само победникот од групата ќе има можност да се натпреварува во главните групи од ЛШ, а најголем фаворит е екипата на Турингер. Оваа екипа беше дел од лигата на шампионите во последниве четири години, но во сезоната која помина ја изгубија титулата во домашното првенство, од екипата на Бјетингам, која обезбеди директен пласман во групната фаза. Во оваа квалификациска група се наоѓа и Хорс од Шведска, противникот на Вардар СЦЈС во Челинџ купот, кога Хорс славеше на двата меча во дуелот со младите Вардарки. Хипо ќе мора повторно преку квалификации да бара место во главните групи, а минатата сезона во квалификациската група, во решавачкиот меч доживеа пораз од Лајпциг. Анонимна е екипата на Мекалиа Атлетико, која засега нема забележано настап во главниот дел од лигата на шампионите.

Без оглед на противниците, Вардарки и оваа сезона се главни фавороти за првото место не само во групата, туку и на крајот од сезоната во ЛШ.