Избраничките на Анжела Платон беа втори на турнирот Вардар-“еден живот,една љубов кој во периодот од 14-18 јануари се играше во Скопје,во организација на ракометниот клуб Вардар.
На турнирот ги остварија следниве резултати:
1.Жрк Вардар-Карпош Куманово 18:6
2.Жрк Вардар-Урдаревски 24:3
Финале:Жрк Вардар-Делчево 14:14 (пенали 15:17)
-Мене како и сите играчи на турнирот најголем впечаток ми оставија натпреварите,кои ги изигравме добро.Мал исклучок беше последниот натпревар кој го изигравме со мали грешки.Тие беа и пресудни за изгубениот меч и нашето второ место.
Во финалниот дуел,среќата не беше на нивна страна,и изгубија дури по изведување на седмерци од екипата на Делчево.
- Ние тука не застануваме бидејќи натпреварувањата се пред нас,иако ова второ место многу не растажи.Имаше многу солзи,но јас сум убедена дека на следниот турнир ќе бидеме први.
Секако на крај оценките се позитивни од целокупната организација.
-Овој турнир беше навистина многу добро организиран,се се одвиваше според планот,и имавме одлични услови за игра.Најмногу ми се допадна што токму нашата екипа имаше можност да се натпреварува во Јане Сандански,во салата во која се натпреваруваат првите тимови на Вардар.За мене тоа беше еден силен мотив да продолжам понатаму,и еден ден да играм во таа сала како еден од најдобрите играчи забележувајќи големи победи.На крјот сакам да се заблагодарам на нашиот клуб Вардар кој ни овозможи еден ваков турнир со прекрасно дружење,ни изјави Ана Божиноска за нашиот сајт.
20.01.2015
Звонко Ивановски