Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Анастасија Петровиќ: Задоволство ми е што бев најефикасна, и на тој начин ја оправдав довербата од тренерот

Анастасија Петровиќ: Задоволство ми е што бев најефикасна, и на тој начин ја оправдав довербата од тренерот

Младинките на Жрк Вардар предводени од Благојче Весиќ забележаа нова убедлива победа во младинската лига. Тие ја преслушаа екипата на Преспа, совладувајќи ги високо со резултат 38:9. Во првиот дел им дозволија на гостинките да постигнат само четири гола, и покажаа дека разликата во квалитет е во голема мера на нивна страна.

Најефикасна беше Анастасија Петровиќ со 7 гола. Александра Вељаноска, Анастасија Николовска и Ивана Стојмановска додадоа по 5 гола.

10653613_710819822336894_5505032451589788432_n

-Немавме тешка задача против гостинките од Ресен, победникот го решивме уште од самиот почеток кога поведовме со 6:0. На полувреме имавме недостижно водство од 16:4, а при крајот разликата можеше да биде и 30 гола. Освен голманките сите се запишавме во листата на стрелците, и задоволство ми е што бев најефикасна и на тој начин ја оправдав довербата од тренерот. Се надевам дека ке продолжиме во ваков стил и понатаму, изјави Анастасија Петровиќ за Вардарфанс.

Звонко Ивановски