Во периодот од 20-26 јуни во Охрид ќе се случува летен ракометен камп кој ќе биде од меѓународен карактер. Трета година по ред, ракометарката на Вардар Андреа Лекиќ организира свој камп за млади ракометарки и ракометари од 11-17 години. Ова ќе биде едно големо доживување за сите овие млади дечиња кои ќе земат учество на овој камп. До овој момент се пријавени учесници од девет Европски земји. Учесниците ќе бидат сместени во хотелот Дипломат, а тренинзите и целокупната работа ќе се случуваат во салата Билјани извори, во непосредна близина на хотелот. На денешното обраќање Лекиќ ја искажа својата радост за оваа голема манифестација, која ќе се одржи токму во Македонски град.
-Неизмерно е задоволството да гледаш како овие деца се радуваат на се она што им се прикажува и збори. Нивната радост, креативност, желба и енергија се нешто најубаво на светот. Кога ќе ги видите нивните солзи во очите на крајот од кампот, кога се тажни што се тоа ќе заврши е неверојатно чуство. Се додека е тоа така, ќе го повторуваме овој камп секоја година, рече Лекиќ пред медиумите.
Се ќе биде професионално организирано од, кондициони тренери до псхолози. Гости на кампот ќе бидат големи имиња како Сања Дамјановиќ, Ина Суслина и Јелена Томашевиќ.