Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ракометните клубови на Вардар ги обединија титулите на домашната сцена

Ракометните клубови на Вардар ги обединија титулите на домашната сцена

Оваа сезона машкиот и женскиот ракометен клуб Вардар ќе ги соедини двата трофеи од домашната сцена. По освоените куп трофеи, двата тима се веќе сигурни и Шампиони во националното првенство. Девојките во саботата го освоија вкупно третиот трофеј во куп натпреварувањето, а веќе втор последователен. Во финалето нашиот тим беше подобар од екипата на Металург. Во првенството се веќе сигурни освојувачи со максимален ефект на победи. Ова ќе биде за нив трета во низа титула во првенството. Нашите девојки доминираа во изборот за поединечни награди. Пенезиќ беше прогласена за МВП, а Лејно ја понесе наградата за најдобар голман.

Машкиот клуб на Вардар конечно по подолго време ќе ја освои двојната круна на домашната сцена. Црвено-црните се првиот клуб во Македонија кој дојде до двоцифрена бројка на освоени куп трофеи. Победата во финалето, против Металург, беше вкупно 10-сети во историјата на Вардар. Столиов беше избран за МВП, Ангелов со феноменмалните одбрани во финалето беше прогласен за најдобар голман,а Алекс Душебаев како најефикасен на финалниот меч ја освои наградата за најдобар стрелец на завршниот турнир во Купот. Веќе утре, црвено-црните се враќаат на обврските во првенството, каде игратаа со екипата на Прилеп. До крајот треба само да се одработат професионално натпреварите и да се врати титулата каде и е местото. По убедливита победа против тимот од Автокоманда од 8 голови на првиот дуел во Ј. Сандански јасно е веќе кој ќе го освои приматот Шампион на Македонија.