Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ивана Блажевска: Се надевам дека ова е само почетокот на нашите победи
Ивана Блажевска: Се надевам дека ова е само почетокот на нашите победи

Ивана Блажевска: Се надевам дека ова е само почетокот на нашите победи

Кадетската екипа на Вардар Јуниор викендов го одигра четвртото коло во лигата. Избраничките на Анжела Платон беа подобри од Вардар Неготино. Мечот се играше во С.Р.Ц. Кале и заврши со убедлив триумф на црвено-црните, со резултат 28:10. Победникот беше решен уште во првиот дел кога имавме водство од 12:3. Добрата игра во одбраната беше клучниот фактор за овој триумф. Во составот на Вардар Јуниор Ивана Блажевска беше една од подобрите ракометарки, постигнувајќи 3 голови.

-Задоволна сум од играта која ја покажавме на натпреварот против екипата Вардар Неготино. На почетокот постигнавме солидна предност, па така во второто полувреме влеговме со 9 гола предност. Продолживме со истото темпо и на крај натпреварот го добивме со 18 голови и резултат 28:10. Се надевам дека ова е почетокот на нашите многубројни победи, победи кои со многу тренинзи, вложувања ќе не однесат на врвот на табелата, изјави Ивана Блажевска за Вардар фанс.

Звонко Ивановски