Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Борјана Коцева дополнително повикана од Савевски за А-селекцијата

Борјана Коцева дополнително повикана од Савевски за А-селекцијата

bora

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски направи принудна измена во составот за подготовките во следната недела и за дуелите против Србија откако мораше на местото на Марија Штериова да повика две други ракометарки.

На списокот на повикани ракометарки за овој собир се најде и таленираниот млад кадетски бек на вардарци, Борјана Коцева. Ова и е прва сезона во сениорскиот тим на Вардар, од коло во коло се подобро се адаптира, покажувајќи го својот квалитет. Игра максимално во двата правци, безпоштеден борец во одбрната и нападот.

Покрај неа на списокот од претходно се и три други играчи на женскиот ракометен тим „Вардар“, станува збор за: Џатевска Ивана, Миновска Сара и Бојана Коцева

Инаку, Македонија ќе очекува и настап на Мундијалот. Доколку некоја екипа биде спречена да настапи тогаш Македонија како прва резерва ќе добие место на шампионатот во Шпанија.