Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Анамарија Божиноска: “Јуниор лигата“ е одлична можност за сите нас да напредуваме и одиме во нагорна линија
Анамарија Божиноска: “Јуниор лигата“ е одлична можност за сите нас да напредуваме и одиме во нагорна линија

Анамарија Божиноска: “Јуниор лигата“ е одлична можност за сите нас да напредуваме и одиме во нагорна линија

Новиот проект на ракометниот клуб Вардар, “Јуниор лигата“ ќе биде актуелна во наредниов период. Веќе се одиграа две кола во машка и женска конкуренција. Дел од оваа лига се повеќе од 20 ракометни школи од Македонија, кои се дел од академијата на Вардар. Познати тренери и поранешни репрезентативци се дел од школите кои се вклучени, во најновиот и голем проект на нашиот клуб. Децата ќе имаат можност да се натпреваруваат и надигруваат помеѓу себе и да ги покажат своите квалитети кои ги поседуваат. Анамарија е дел од екипата на Рк Кузман Вардар, која се натпреварува во “Вардар Јуниор“ лигата. Таа ни ги споделува своите први впечатоци и искуства од лигава.

-Моето мислење за лигата која ја организира ракометниот клуб Вардар е позитивно од причина што сметам дека секој од нас може да ги покаже своите квалитети. И оранизацијата е на сосема добро ниво, бидејки се натпреваруваат сите академии на Вардар по годиште. Јас сум дел од академијата РК Кузман Вардар во која има одлична работна атмосфера благодарение на нашите тренери Александар Савов и Александра Кузмановска кои сосема ни се посветени нам и на нашите успеси. Како што кажав и погоре оваа лига е одлична можност за сите нас за да напредуваме и одиме во нагорна линија. За мене претставува цел за да успеам.

Рк Кузман Вардар оидгра два натпревари во “Јуниор лигата“, на кои забележа една победа и еден пораз.

-Од првот дуел сум премногу задоволна игравме како екипа која игра со години заедно, иако ние сме заедно само 4 месеци секоја од нас се запиша во листата на стрелци. Јас постигнав 8 со тоа бев и најдобар стрелец на натпреварот. За вториот меч неможам да го кажам истото. Не изигравме на ниво како што можеме и знаеме, иако мојата соиграчка Викторија Сандева беше одлична на голот што не беше доволно за победа, изјави Анамарија Божиноска за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски