ЖРК Вардар денес го доби Металург во дербито кое се одигра во Јане Сандански. Вардарки одигааа неверојатна одбрана, вистинска модерна ракометна одбрана, па така и покрај „црната дупка“ од 19.минути со само еден гол победија со 25-23, што е одлика на голем тим. Честитки до девојките на Ристова, Платон и Папуџиева за оваа средба.
Сите девојки беа перфектни, од првата до последната даваа максимум особено во моментите кога не одеше во нападот тие најдоа ментална сила да играат на ниво во одбраната и да го конпезираат истото.
По пет минути игра беше реми, 2-2 на семафорот во Јане Сандански. Прв се одлепи нашиот тим на 4-2 со головите на Џатевска и Трпевска од пенал. Во 11.минута Јуле Црвенковска побара тајм-аут откако поведовме со голот на Трпевска со 6-3. Во 13.минута веќе водевме со високи пет гола (9-4), најпрвин Трајкоска ја впиша својата 4-та одбрана, па Диневска погоди по една контра. Ривалот се врати во игра, тргна да ја намали нашата предност и успеа. Во 21.минута дојдоа на само два гола негатива (12-10), со оваа разлика влеговме во последните две минути кога водевме со 17-15, а нашиот тренер Ристова побара минута одмор. Металург имаше напад за реми на 40.секунди до крајот и шанса да изедначи, сепак успеавме да одземеме во контра со пожртвуван пад при ударот Трпевска ги постави конечните 18-16 за првите 30.минути. Првиот дел со по дури пет гола кај нас го завршија Трпевска и Стојановска која повторно имаше 100% од пенал (3/3).
Во вториот дел почнавме „јалово“ во нападот, девојките од Автокоманда тоа го искористија и поведоа со 18-1209, тие не беа најефикасни во нападите, но искористија бар една третина од истите. Илиќ впиша две одбрани на почетокот. Нашата клупа на која беа Ристова, Платон и Папуџиева побара тајм-аут во 14.минута до вториот период, ние до тогаш се уште не бев ме ја затресле мрежата на Илаз. Бевме под закана за пасивен напад, капитенот Диневска Бојана покажа дека има големо срце, „исолира“ мина 2ца играчи во 15.минута го постигна првиот гол за нас, намали на 19-20. Вториот гол дојде дури во 20.минута кога Костовиќ намали на 20-21, не се памети меч на овој тим кога за 20.минути имал само два гола на своето конто, одличната игра во одбраната не одржуваше резултатски. Машината за пенали, од својот 5.удар погоди 5.пат, Михаела Стојановска донесе реми 23-23 на 5 нецели минути до крајот на дуелот. Илиќ одбрани клучни удари, Борјана Коцева во нејзин „летачки„ стил погоди за 24-23. Tрпевска погоди потоа за 25-23, па Металург зема минута одмор. Сепак до крајот немаше гол и ние славевме.
Кај нас Стојановска Михаела со 7.гола беше прв стрелец, Трпевска имаше 6 гола, Џатевска Ивана погоди 5 пати. Одлични беа Илиќ и Трајкоска на голот, Андреа сопре 9.топки, а Јована фати 5 удара.