Денес во Јане Сандански се одиграа ново коло во Вардар Јуниор лигата. Кај дамите ова утро се одиграа два меча во ген.2006/2007.
Тимот на РК Будимир минимално ја совлада екипата на РК Кале од Кичево. Девојките на Будимир отворија со два гола на на почетокот за почетни 0-2. Тимот од Кичево успеа со три гола во серија да направи пресврт и да поведе со 3-2. Будимир израмни на 3-3, двата женски тима беа постојано блиску еден до дру, едниот поведуваше другиот изедначуваше. На одмор се замина со резултатска симетрија 6-6.
Вториот дел понеефикасен од првиот период, во него продолжи истиот ритам како и во првиот. Двата тима погодија по само два погодока во противничките мрежи за резултат 8-8 до пред финишот на оваа средба. Еден гол го даде тимот кој ќе се радува, со резултат 8-9 девојките на Будимир се радуваа на победата.
Во вториот дуел тимот на РК Драчево од Скопје го победи тимот на РК Делчево со 18-13. Скопскиот тим поведе на почетокот со 3-1, продолжи со исти ритам па средината на овој период водеше со 6-2. Го исконтролираа полувремето и заминаа на одмор со шест плус, односнос со резутат 10-4.
Вториот дел започна со по еден гол на двете страни за почетни 11-5, по што Делчево си мини серија 1-3 намали на четири гола негатива, тие намалија на 12-8. Од тука се до крајот се играше гол за гол на двете страни, во последната минута влеговме со резултат 17-13, Драчево погоди и победи со 18-13.