Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Одложениот дуел со ЖРК Чаир, вардарки ќе го играат во среда
Одложениот дуел со ЖРК Чаир, вардарки ќе го играат во среда

Одложениот дуел со ЖРК Чаир, вардарки ќе го играат во среда

ЖРК Вардар и екипата на Чаир кои атакуваат на првата позиција во групата-А во рамки на 10.коло не го одиграа дуелот помеѓу себе. Ова дерби беше одложено порани настапот на нашиот ривал во европските натпреварувања.

Познат е терминот за играње на натпреварот, истиот ќе се игра задутре, среда (14/12/2022) во салата ОУ „7ми МАРТ“ во скопската населба Чаир. Овој натпревар е закажан со почеток во 17 часот и 30 минути, истиот е клучен за првата позиција на табелата во групата-А пред плеј-офот.