Вардарки успеаа да се пласираат во големото финале на Купот, каде утре ќе играат за трофејот против екипата на Куманово. Денес во С.Р.Ц. „Билјани Извори“ нашите девојки успеаа да го победат тимот на Ѓорче Петров со резултат 30:27 и да изборат финале во ова натпреварување.
После натпреварот, шефот на стручниот штаб, Александар Царчев го искоментира полуфиналето и истовремено го најави големото финале против Куманово.
-Не би рекол дека Вардар беше аутсајдер, можеби поквалитетен ростер има ЖРК Ѓорче, меѓутоа јас реков на девојките, во последните четири години играме четврто полуфинале, а ќе ни следи третото финале. На ваквите дерби-натпревари не победува подобриот, туку помотивираниот. Одлучува една топка и една одбрана. Славевме благодарение на поголемата желба. Заслуживме да играме финале, а ќе видиме што ќе биде. Верувам дека по оваа победа ќе бидеме полни со самодоверба. Вечерва ни следи одмор, а во финалето атакуваме на трофејот“,