Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Финалеееее… ЖРК ВАРДАР ГО СОВЛАДА ЃОРЧЕ ВО 1/2-ФИНАЛЕТО ОД КУПОТ
Финалеееее… ЖРК ВАРДАР ГО СОВЛАДА ЃОРЧЕ ВО 1/2-ФИНАЛЕТО ОД КУПОТ

Финалеееее… ЖРК ВАРДАР ГО СОВЛАДА ЃОРЧЕ ВО 1/2-ФИНАЛЕТО ОД КУПОТ

Финале… ЖРК Вардар во Куп полуфиналето ја совлада екипата на Ѓорче Петров со резултат 30-27.

Полуфиналето започна со борбена игра на двете страни, одлични акции и изедначен резултат. Беше 6-6 на семафорот во воведниот дел, потоа влеговме во серија, во 20.минута имавме пет гола повеќе од ривалот при резултат 12-7. Ѓорче Петров успеа да ублажи дел од негативата и на одмор заминавме со резултат 15-13 кој го постави Џатевска на 4.секунди од крајот од половина терен.

Противникот успеа во вториот дел да дојде до реми при 18-18,потоа беше и 20-20. Вардарки во 43.минута ја вратија предноста од два гола, одличен пенал изведе Сара Стефаноска која стрелаше за 22-20. Во 52.минута Стефаноска погоди за 26-22, по што Симовски побара минута одмор со цел да се обиде да го прекине нашиот налет. Трајкоска на голот одлично одбрани, тоа го искористи Џатевска и не однесе на плус пет при резултат 27-22. Во 58.минута при резултат 27-25, бевме со играч помалце, ривалот напаѓаше за еден гол негатива, Трајкоска успеа да го сопре ударот на на Коларовска. Коцева стави печат во 58.минута кога по мини серија поведовме со 30-25. Победата дојде со резултат 30-27.

Сара Стефаноска со 10.гола беше прв стрелец, додека Ивана Џатевска и Сара Миновска постигнаа по 4 гола. Андреа Илиќ имаше 6 одбрани, Јована Трајкоска 5, додека Вероника Ѓорѓиевска еден одбранет седмерец. Во големото финале кое на програмата е во недела ќе играме со екипата на Куманово.