Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лазаровска Михаела, лев бек висока 190 см е 4.то засилување на ЖРК Вардар

Лазаровска Михаела, лев бек висока 190 см е 4.то засилување на ЖРК Вардар

aaaa4

ЖРК Вардар имаше заминувања во бековската линија, но во летниот трансфер период донесе три имиња токму на тие позиции. Од вчера имаме уште еден бек, четврти, станува збор за девојка која игра на левата позиција во бековската линија.

Ново име на црвено-црниот женски ракометен тим е,  Лазаровска Михаела. Има настапувано во ЖРК Гевгелија, а минатата сезона ја мина во сениорската екипа  на скопскиот тим, РК Спартак Кисела Вода. Лазаровска одлични физички предиспозиции за ова позиција, висока е 190 cm. Пред неа е време на адаптација на тимот и вклопување во концепцијата на Ристова Драгана. Родена е 2002 година па ќе може да настапува покрај сениорската и во младинската конкуренција.

Ростерот сега изгледа вака>

Голмани: Трајкоска, Грујовска и Илиќ.

Бекови: Галевска, Ангеловска, Костовиќ,Цветковска, Лазаровска, Попова, Стојановска и Стаменкова.

Пикери: Џатевска, Дамјаноска и Паковска

Крила: Миновска,   Диневска,  Ѓорѓиевска, Јаковчевска, Трпевска  и Васевска.

Тренер: Ристова Драгана

Тренер на голмани: Александар Царчев

*(новите имиња се означени со сино)