Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Во ЖРК Вардар доаѓа тренер шампион?
Во ЖРК Вардар доаѓа тренер шампион?

Во ЖРК Вардар доаѓа тренер шампион?

Нов предводник на ЖРК Вардар треба да биде словенечки тренер. Станува збор за Тисељ Тоне, кој има 55 години и зад себе има богата тренерска работа. Тисељ во минатото предводел и машки и женски тимови. Тоне во моментов е тренер на унгарскиот тим Дебрецин. Во тренерската кариера овој тренер бил стратег и на: Машката и женската репрезентација на Словенија, потоа работел и како тренер на Црна Гора. На клупски план исто така има бројни достигнувања. Бил прв тренер на машките тимови на Целје и Горење, а во женскиот дел бил тренер на Крим (каде што освои неколку трофеи во првата словенска лига и ЛШ) бил и во црногорскиот великан Будуќност, потоа романскиот тим Баја Маре и  Колдинг од Данска.

Покрај ова богато тренерско искуство, Тоне може да се пофали во својата биографија и со големиот трофеј европски првак, со тимот на Крим во оние сјајни генерации на словенскиот тим во 2001 и 2003 година. Доколку дојде, Вардар ќе добие тренер со големо искуство, тренер кој бил шампион и тоа на два пати.