Младинките на ЖРК Вардар денес гостуваа во градот Охрид кај екипата на РК Лихнид, црвено-црните девојки останаа со 100% ефект во лигата впишувајќи нова победа. Девојките на Симовски и Царчев триумфираа со 11 гола повеќе од домаќинот, победата дојде со резултат 29-18.
Првиот дел почна со по еден гол на двете страни за почетни 1-1, потоа ние ја преземавме иницијативата во свои раце. Со серија од 1-3 поведовме со 2-4 водство кое го одржувавме се до самиот крај на оваа средба и не дозволивме да биде загрозено. Бевме далеку подобар противник од домашниот тим, па успеавме во 17.минута да поведеме со плус шест,4-10. Следеше игра гол за гол па ние ги одржувавме шесте позитива, домаќинот успеа во последниот напад да намали на -5, и на одмор да замине со негатива од 9-14.
Вториот дел почна со намалување на нашето водство на 10-14, но заигравме ангажирано во одбраната, на голот Грујовска врза неколку интервенции, нашите девојки во нападот почнаа да ја “решетаат“ мрежата на домаќинот. Точно на средината на вториот период отидовме на двоцифрена предност, поведувајќи со 13-23. Дотогаш на примените три гола одговоривме со тројна мерка, нашите дами во нападот погодија дури девет пати. Во продолжение игравме умно гол за гол одржувајќи ја високата предност на двоцифрено ниво, триумфот дојде со резултат 18-29.
Кај нас најголема бројка зад своето име имаше Симона Грујовска која дуелот го заврши со 7 интервенции (44% одбранети удари), Костовиќ Ангела имаше 5 гола, Андреа Илиќ забележа 5 одбрани (35% одбранети удари).