Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Литванска судиска двојка ќе го суди мечот Вардар- Букурешт во Л.Ш
Литванска судиска двојка ќе го суди мечот Вардар- Букурешт во Л.Ш

Литванска судиска двојка ќе го суди мечот Вардар- Букурешт во Л.Ш

Европската куќа на ракометот за дуелот од првото коло во “Главната фаза“ од женскиот сегмент на ЕХФ Лигата на шампионките во Скопје одреди ракометната правда да ја дели судиска двојка од Литванија. Мечот помеѓу ЖРК Вардар и ЦСМ Букурешт ќе го судат Викторија Кијаускаите и Аусра Залиене.

За ЕХФ делегат е делегиран Дерндт Дугал од Германија. Мечот е закажан за сабота со почеток од 17:30 часот во спортскиот центар Јане Сандански. Со овој дуел ќе започне втората рунда во групната фаза за нашиот женски ракометен шампион. Ова е првиот предизвик за избраничките на Кастратовиќ и Питлик годинава, а противникот ни доаѓа од бронзената Романија на последното СП одиграно минатиот месец во Данска.