Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Тина Тодоровска: Работиме напорно на тренинзите и се надеваме на подобри игри во вториот дел од сезоната
Тина Тодоровска: Работиме напорно на тренинзите и се надеваме на подобри игри во вториот дел од сезоната

Тина Тодоровска: Работиме напорно на тренинзите и се надеваме на подобри игри во вториот дел од сезоната

Тина Тодоровска веќе осма година е дел од ракометниот клуб на Вардар. Оваа сезона настапува за младинскиот состав, а има забележано настапи и за првиот тим предводен од Индира Кастратовиќ. Најголем дел од минатата сезона ја пропушти поради повреда, која е веќе минато за оваа млада ракометарка.

Повредата е составен дел од спортот.Најтежок дел е рехабилитацијата и пред се мора да си психички спремен. Имав многу добра екипа за да се вратам на терен и сум им многу благодарна за тоа. Тоа ме направи посилна од повредата и во моментов се чуствувам одлично. 

Првиот дел од сезоната во младинската лига, црвено-црните го завршија на второто место со учинок од четири победи и два порази.

Во првиот дел од сезоната почнавме со добра игра. Во врска со поразот со Металург,тие се и ќе ни останат ривали. Загубата беше во наши раце на наши сопствени грешки, меѓутоа секогаш може подобро и тоа ќе го покажеме на следната утакмица со нив. Во врска со Делчево не бевме во целосен состав меѓутоа јас верувам во мојата екипа и тоа ќе го покажеме на терен. Втората полусезона ќе ја почнеме со подобра игра и самодоверба. 

Избраничките на Билјана Пецевска имаа можност да бидат дел од силниот меѓународен турнир “Трофеј Белград“ , на кој го освоија четвртото место.

На турнирот стекнавме големо искуство,екипите беа навистина добри , но тоа не треба да ни е изговор. Имаме уште многу да работиме и да се подобруваме. Секогаш може подобро. 

На 13 -ти јануари се очекува да се одржи второто издание на турнирот во организација на нашиот ракометен клуб “Вардар-една љубов, еден живот“.

Турнирот беше и лани, јас не бев запознаена со атмосферата, меѓутоа овој турнир сум тука. Работиме напорно на тренинзите и ја подобруваме играта. Се надеваме на добри игри, изјави Тина Тодоровска за Вардар фанс.

Звонко Ивановски