По мечот со Савехоф и големата двоцифрена победа за Вардар се одржа стандардната прес-конференција по мечот. На истата пруствуваше шефот на стручниот штаб на црвено-црните Индира Кастраовиќ и Андреа Лекиќ. Тренерот на Вардар за овој натпревар го изјави следното :
Најпрво да им честитам на моите девојки за прикажаната игра. Сепак несмееме многу да се опуштаме, бидеќи ова беше само првиот чекор кон она што ни престои во наредните три натпревари. Пред се тука се мисли на следниот гостински дуел против ЦСМ Букурешт. Сега веќе мислите се насочени кон Романија и следнот наш противник. Ќе се трудиме да бидеме се подобри во продолжение од групната фаза и ќе дадеме се од себе да завршиме на место погоре на табелата. Во Букурешт нема да отидеме со бело знаме , се надевам дека ќе одиграме добар натпревар и ќе победиме.
На прашањето како беше да се работи на првиот натпревар со Давид Камара и колку се разликуваат со Јан Питлик, Индира кратко одговори на ова :
Не можам да ги споредувам Питлик и Дејвис, само може да кажам дека денес фунциониравме како тим, односно како една целина- изјави Кастатовиќ.
На прес конференцијата како преставник на играчите се појави Андреа Лекиќ, таа за овој дуел го изјави следното.
Важна победа е зад нас, вие знаеме како поминавме на последниот натпревар, со Будуќност, така што оваа победа претставува чекор напред. Во почетните 15 минути имавме проблеми во играта, можеби , но потоа одигравме како што се бара од нас. Одигравме убав меч кој треба да патоказ за понатаму. Се надевам ќе продолжиме вака и ќе имаме повеќе пресконференции на кои ќе се смееме во иднина.-изјави Лекиќ.