Предмалку во спортскиот центар Јане Сандански црвено-црните девојки одиграа одличен меч со Савехоф, кој го добиа со 37-25. Свое деби на клупата имаше новиот помошник тренер Камара, кој забележа победа на својот прв меч како асистент на Кастатовиќ.
Мечот со гол први го отворија гостинките,но само 15 секунди потоа Алхаус изедначи на 1-1. Во следните пет минути двете екипи погодија по двапати во противничката мрежа за резултат 3-3. Потоа црвено-црните имаа мини-серија за првото водство од два плус , тие со серија 3-1 преку Пенезиќ во 8 минута поведоа со 7-5. Гостинската екипа Савехоф одговори со еквивалентна серија 1-3 и изедначи на 8-8 во 13 минута, вардарки веќе следните два напада преку Сокач од пенал и Радичевиќ од контра го вратија водството од два гола. Суслина блеска на вардаровиот гол, тоа го наградува Лекиќ со два последователни гола за 12-8. На мечот се играше 23 минута, гостинките немаат гол цели 10 минути а вардаровата преднос нарасна на максимални шест плус 14-8, или 6-0 серија од последното изедначување на резулатот во 13 минута кога беше 8-8. Гостинките во 24 минута конечно ја прекинуваат “црната серија“ по 11 минути погодуваат за 14-9, но вардарки веднаш враќаат со серија 4-0 за 18-9. Сепак треба да се напомене дека ова рапидно зголемување на водството по 13сетата минута најголем удел во има Суслина која брани феноменално и ги фрла гостинските ракометарки во очај. гостинките намалчуваат на 18-10 на 15 секунди до крајот на првиот дел, а Кликовац со гол во последната секунда го носи натпреварот на одмор со резулат 19-10.
Вадарки почнаа фуриозно и во вториот дел ја зголемја нашата предност по само три минути на двоцифрени десет гола, резулатот на семафорот е 22-12. Швеѓанките се обидоа со два гола да се вратат во мечот, но Лекиќ и Радичевиќ во следните напада ја вратиа предноста од 10 гола, резулатот во 38 минута е 24-14. Вардарки денес се фантастични прават серија 3-1 во продолжението и предноста иде на одлични 12 плус, црвено-црните водат 27-15. Вардар има одлични голманки тоа го покажа и вториот дел кога на голот застана Лејно која само продолжи по патот на Суслина и и даваше ветер во грб на соиграчките. Во следните 5-6 минути повторно имавме мини серија 4-2 и во 19 минута отидовме на највисоки 13 плус, резулатот беше 31-18. Во продолжение следеше игра гол за гол на двете страни, но вардарки мирно го приведуваат мечот кон крајот задржувајќи ја големата предност. На голот доби шанса и македонската голманка Петковска која имаше неколку успешни интервенции.