Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > На денешен ден во 2016, ЖРК Вардар го мина Ларвик и обезбеди Ф-4
На денешен ден во 2016, ЖРК Вардар го мина Ларвик и обезбеди Ф-4

На денешен ден во 2016, ЖРК Вардар го мина Ларвик и обезбеди Ф-4

На денешен ден, 2016 година вардарки успеаа трета последователна сезона да се пласираат на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во Лигата на шампиони.

Иако бевме поразени на реваншот во Ларвик, поради убедливата победа во Скопје се најдовме на нов Ф4, кој и оваа сезона ќе се игра во Будимпешта. Само поради полсабото второ полувреме, не успеавме да победиме и на реваншот во Норвешка каде бевме поразени само со 28-26. На тој дуел одличен натпревар на голот имаше Лејно која веќе нанижа 17 одбрани. Најефикасна беше Радичевиќ со 7 гола, додека Пенезиќ и Лазовиќ беа стрелци на 5 погодоци. За најдобар играч во нашиот состав на крај беше прогласена Андреа Пенезиќ.