Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познат терминот за дербито Вардар-ЖРК Куманово во плеј-офот
Познат терминот за дербито Вардар-ЖРК Куманово во плеј-офот

Познат терминот за дербито Вардар-ЖРК Куманово во плеј-офот

Во второто коло од плеј-офот во женската Супер лига, девојките на Симовски, Ристова и Царчев ја пречекуваат екипата на ЖРК Куманово во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје.

Натпреварот се игра задутре, во среда, 3.април во малата сала при СЦЈС, со почеток во 18-00 часот. Вардарки се во криза имаат четири порази во последните три суперлигашки и еден младински дуел зад нив. Мотивираноста не недостасува ама, реализацијата на тактичките замисли не оди најдобро. Сепак се очекува со храбра игра како што не навикнаа оваа есен да се вратат во победнички ритам.