Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јуниор Лига: Комплетни табели и резултати по одиграното 7.коло кај девојките
Јуниор Лига: Комплетни табели и резултати по одиграното 7.коло кај девојките

Јуниор Лига: Комплетни табели и резултати по одиграното 7.коло кај девојките

Изминатиот викенд, 10. и 11. март,  во Јуниор лигата се одиграа натпреварите од седмото коло во женска конкуренција, истите  се одиграа во Скопје и во Кавадарци.  Најмладите учесници се момчиња и девојчиња родени 2008 година и помлади, и за нив натпреварите во мини ракомет се одржаа во Скопје, во СЦ Кале. За оваа генерација нема рангирање на тимовите.

Во категоријата девојки 2004/05, победници на одиграните натпревари беа екипите на Асови Вардар, Филип Вардар и Делчево Вардар, додека екипата на Општина Кисела Вода Вардар беше слободна во 7. коло. Одложен е и натпреварот меѓу Вардар Виница и Кале Вардар.

* Билтен за 7. коло за 2004/05: 7_kolo_2004-05_devojcinja.docx

Во категоријата кај девојки 2006/07 победници на натпреварите од 7. коло се Кале Вардар и Делчево Вардар, а викендов се одигра и одложениот натпревар од 6. коло меѓу Ново Лисиче Вардар и Општина Кисела Вода Вардар, чија екипа победи со 16 – 10.

* Билтен за 7. коло за 2006/07: 7_kolo_2006-07_devojcinja.docx