Во сабота и недела активни со нови натпревари од редовното коло ќе бидат младинските екипи на ракометниот клуб Вардар.
Помладите пионери на Вардар Јуниор, кои се генерација родени 2004/05 година во сабота ќе го одиграат второто пролетно коло, против повозрасните пионери на Аеродром. Противничката екипа со оглед на возраста е фаворит во дуелот со момците на Зоран Петковски, за што говори фактот дека на првиот дуел славеа со резултат 36:10. Натпреварот против аеродромци се игра во сабота на Кале, со почеток од 15:00 часот. Пионерите на Вардар предводени од Будимир, во рамките на 11 коло се среќаваат со екипата на Велес 2009. Мечот ќе се одигра во сабота, со почеток од 13:30 часот на Кале. Пионерите се во серија од девет победи, од исто толку одиграни натпревари сезонава.
Младинците на Вардар се неприкосновени оваа сезона и се наоѓаат на првото место на табелата, со осум победи и еден нерешен резултат. Избраниците на Чивлачки и Грчевскки во недела на Кале ќе ја пречекаат екипата на Прилеп, дуел кој ќе стартува од 15:00 часот. Своето коло го одиграа младиниците на Вардар Јуниор кои беа високо поразени на гостувањето против Металург (39:26), со што го претрпеа шестиот пораз во групата 2 од младинската лига.
Активни викендов ќе бидат и пионерките на Вардар, кои во рамките на групата 1 се домаќини на тимот на Струма. Мечот е на програмата во сабота, со почеток од 12:00 часот во С.Р.Ц Кале. Дербито во женската младинска лига ќе се одигра во салата во населбата Автокоманда, каде Металург е домаќин на Вардар. Натпреварот ќе се одигра во сабота со почеток од 15:30 . Одложен натпреварот пак на Вардар Јуниор против Гевгелија, термин кој дополнително ќе биде одреден.