Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пет ракометарки на Вардар дел од младинската ракометна репрезентација, на квалификацискиот турнир за пласман на СП
Пет ракометарки на Вардар дел од младинската ракометна репрезентација, на квалификацискиот турнир за пласман на СП

Пет ракометарки на Вардар дел од младинската ракометна репрезентација, на квалификацискиот турнир за пласман на СП

Селекторот на женската ракометна репрезентација, Јулијана Дамчевска го објави списокот на ракометарки, на кои ќе смета за квалификацискиот турнир, за пласман на светското првенство за младинки кое оваа година ќе се одигра во Унгарија.

На списокот се најдоа и пет ракометарки кои настапуваат за Вардар. Тоа се голманките, Јована Мицевска која е дел од првиот тим, како и Слободанка Кицеска која исто така се натпреварува во супер-лигата, бранејќи го голот на Вардар Јуниор. Тука се и бековите, Милица Николиќ и Леонида Гичевска, како и крилото, Ивона Трпевска, сите дел од вториот тим на Вардар, иако на последните мечеви во супер-лигата, шанса во првиот тим добива Гичевска.

Квалификацскиот турнир ќе се игра во периодот од 23-25-ти март во Исланд, а Македонија е во група со врсничките од Германија, Литванија и домашната репрезентација на Исланд. Првите две пласирани ќе обезбедат пласман на Светското првенство во Унгарија.