Денес во салата “Кале“ во Скопје пионерките на Вардар беа условно “гости“ на екипата на Преспа Ресен. Во овој деветти пионерски дуел за црвено-црните девојки предводени од Драгана Пецевска-Ристова и Билјана Пецевска дојдоа до деветтата победа со што најавија дека на завршниот турнир се фаворитки за “злато“. Нашите девојки дојдоа до победа со резултат 9-37 (5-16).
Први со гол натпреварот го отворија девојките од Ресен кои поведоа со 1-0, на што ние одговоривме со серија. Девојките на Ристова и Пецевска со серија 0-5 поведоа до 1-5 на почетокот од натпреварот и најавија дека се желни за уште една победа. Од минута во минута го “газевме“ противникот играјќи одлично во дефанзива и казнувајќи во напад. На четири-пет минути до крајот првпат поведовме со двоцифрена разлика, односно со резултат 3-13. Следена неколку минути во кој првпат противникот беше на исто ниво со нас постигувајќи два гола колку и нашите девојки за резулта 5-15. До крајот ние успеавме со нов погодок да ја зголемиме предноста и на одмор отидовме со резултат 5-16 на семафорот во салата “Кале“.
Вториот дел започна со по два погодока за двата пионерски состави по што на семафорот стоеше 7-18 во наша корист. Тука повтоно покажавме “мускули“ доминиравме во одбраната во нападот немилосрдно погодувавме и со голема серија 0-9 се одлепивме на “дваесет позитива“ односно поведовме со 7-27 некаде на средината од вториот период од 20 минути колку што се игра полувреме во оваа категорија. До крајот ништо различно во однос на остатокот од мечот само додатно ја зголемивме и така огроманата предност. На крајот триумфиравме со резултат 9-37. Кај нас Коларовска имаше 6 гола и беше прв стрелец, Седлоска, Јаковчевска и Гроздановска имаа по 4 погодоци, а Гонзалес и Петковска стрелаа по 3 пати.