Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > РК Шампион финалист кај девојките во генер.2002/03 во Јуниор лигата
РК Шампион финалист кај девојките во генер.2002/03 во Јуниор лигата

РК Шампион финалист кај девојките во генер.2002/03 во Јуниор лигата

Претстојниве два дена на програмата е последниот завршен турнир во ракометната “Јуниор“ лига. Денес се играа полуфиналните натпревари кај генерацијата родени “2002/03“ година.

Во првото полуфинале, екипата на РК Шампион го доби дуелот со РК Кастратовиќ. Мечот започна многу неефикасно на двете страни, а првиот гол го постигна Кастратовиќ во 3 минуата со удар од седум метри. Во следните осум минути, избраничките на Лина Треноска не го пронајдоа патот кон противничката мрежа, напротив РК Кастратовиќ кој постигнува три последователни голови за предност од 1:3. Шампион набрзина ја прекина лошата серија и набрзина постигна три погодоци, за да го врати водството од 4:3 во 13 минута од мечот. Во следните пет минути се играше гол за гол, а последното израмнување беше при резултат 5:5. Последните два гола во првиот дел им припаднаа на Шампион, кои на одмор заминаа со водство од 7:5.

nn2 nn3

На стартот на вториот дел, избраничките на Треноска го скршија отпорот на противникот и со серија од 5:0 поведоа со највисоки 12:5. Цели 11 минути во второто полувреме, РК Кастратовиќ неможеше да постигне гол, а лошиот период го прекина Мила Пешиќ која погоди за намалување на 12:6. На три минути пред крај, Шамион имаше предност од 14:7 по што беше јасно кој ќе биде победникот. Конечниот резултат гласеше 15:8. Кај победникот Симона Димитревска со 4 гола беше прв стрелец, а во поразениот најефикасна беше Мила Пешиќ која даде 4 гола.

nn4

На тој начин, утре во големото финале кај оваа генерација, РК Шампион ќе се игра со подобриот од мечот, Делчево и Опш.Кисела Вода.