Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Избраничките на Симовски утрово отпатува за Торшавн, Фарски Острови на квалификациски турнир за С.П
Избраничките на Симовски  утрово отпатува за Торшавн, Фарски Острови на  квалификациски турнир за С.П

Избраничките на Симовски утрово отпатува за Торшавн, Фарски Острови на квалификациски турнир за С.П

Македонската сениорската женска репрезентација  утрово отпатува за Торшавн, Фарски Острови. Девојките од утре па се до недела ќе  одиграат вкупно  трите мечеви од квалификацискиот турнир за пласман на  Светското Првенство во идната 2017 година.

Девојките на селекторорот на Македонија и тренер на Вардар СЦЈС,   Симовски Симе се дел  од група во која покрај домаќинот  на турнирот Фарски Острови се наоѓаат и Австрија и Исланд. По крајот на турнирот кој ќе заврши во недела на 4-ти декември,  најдобрите две селекции од групата ќе обезбедат место понатаму во квалификациите. Тие две селекции ќе бидат дел од  бараж мечевите  за Светското првенство кои се на програмата во  јуни 2017 година. Симовски за Фарски острови одпатува со овие  16 црвено-жолти ракометарки: Јована Саздовска, Елена Ѓорѓијевска, Андреа Белеска, Теодора Керамичиева, Ивана Гакидова, Марија Николиќ, Матеја Серафимова, Сара Ристовска, Душица Ѓоргијевска, Наташа Антиќ, Елена Ливриниќ, Зорица Десподовска, Дајана Јовановска, Наташа Нолевска, Марија Прленда и Маја Трпковска. Во тимот има една девојка од ЖРК Вардар, Сара Ристовска и неколку девојки од вториот тим Вардар СЦЈС.

Првиот натпревар го играме против домаќинот Фарски Острови  веќе утре, петок од 21-00 часот, ден потоа, во сабота  со почеток во  16:00 играме  со Австрија.  Последниот натпревар  од групата против Исланд нашите девојки  ќе го одиграат во недела во 17:00 часот.