Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дибирова го имаше првиот тренинг како предводник на ЖРК Вардар
Дибирова го имаше првиот тренинг како предводник на ЖРК Вардар

Дибирова го имаше првиот тренинг како предводник на ЖРК Вардар

Попладнево новиот шеф на стручниот штаб, Ирина Дибирова- Полтороцкаја го имаше првиот тренинг со екипата на ЖРК Вардар. Таа денес и официјално беше назначена за нов предводник на Вардарки кои ќе ги води до крајот на сезоната и ќе има за задача да му донесе на клубот европска титула. Како и досега помошник ќе биде Аце Станковски.

vardarfans-prv-trening

Ова ќе биде прво тренерско искуство за Ирина, која се надеваме дека со своето пак големо играчко искуство ќе им помогне на своите избранички да го подигнат нивото на игра. Првиот предизвик таа ќе го има во сабота на последниот натпревар од групата против екипата на Турингер.

И посакуваме среќа на Ирина на тренерската клупа со надеж дека ќе успеа да ја освои и првата европска титула како тренер и тоа со Вардар.