Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дибирова: Знаеме точно што не очекува и како треба да играме против Ростов Дон
Дибирова: Знаеме точно што не очекува и како треба да играме против Ростов Дон

Дибирова: Знаеме точно што не очекува и како треба да играме против Ростов Дон

Екипата на Ростов Дон ќе биде последната пречка за вардарки кон патот до финалето во Лигата на Шампионите. Ждрепката сакаше за прв пат во најголемото натпреварување да играме против овој противник, кој е дебитант на завршните турнир во ЛШ. Тренерот нацрвено-црните, Ирина Дибирова после добивање на противнкот истакна дека на Ф4 нема фаворити и дека Ростов е силна екипа.

-Нема лесни и тешки ривали. Сите се фаворити на Ф4 турнирот во Будимпешта. Немаме никакви потценувања кон екипата на Ростов. Тие досега покажаа дека се сериозен тим. Знаеме точно што не очекува и како треба да играме. Веќе се сретнавме со нив пред почетокот на сезоната на турнир во Скопје.

Ирина истакна дека можеби е добро што сме го избегнале Ѓер во полуфиналето поради домашниот терен, но доколу се сака да се стигне до Европската титула треба секој тим да се победи.

-Најважно е ние добро да играме, да продолжиме со подобрување на формата. Секоја екипа има свои добри и слаби страни. Ние ќе се обидеме да ја подобриме нашата форма и да најдеме начин да го неутрализираме ривалот. Можеби е добро што нема да играме со Ѓер во полуфиналето, пред сѐ поради домашниот терен. Секако ако сакаме да играме во финале па и понатаму треба да бидеме добри на секој меч. Останува сега добро да се подготвиме.