Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дибирова: Сакам конечно да ја достигнеме нашата цел
Дибирова: Сакам конечно да ја достигнеме нашата цел

Дибирова: Сакам конечно да ја достигнеме нашата цел

Тренерот на вардарки, Ирина Дибирова за ждрепката во групната фаза во ЛШ за нејзините избранички вели:

Противниците како и секогаш се силни, задоволни сме што уште во прва фаза можеме да видиме што и како функционира, и што треба да се подобри. Сите ни се добро познати противници и секогаш овие натпревари се одвиваат со интересна борба. Играме повторно со ФТЦ Будимпешта. Ова е добар тим, како и другите. Ако пред себе поставуваш максимални задачи, тогаш нема голема разлика со кого и кога играш, ова е следен чекор на патот кон успехот, секогаш не е лесно. Очекуваме дека оваа сезона ќе ни подари нови емоции, ќе ни донесе нови навивачи, и ќе ги натера сите да работат дупло повеќе, за да конечно ја достигнеме нашата цел, изјави Дибирова.